Парите не му беа проблем на Дани Алвес кога го оствари својот камбек во Барселона и прифати да игра за неделна плата од само едно евро. Неговото искуство беше од голем значај за тимот кој го предводи Чави, но се чини дека на бразилскиот ветеран му заврши вториот мандат на „Камп ноу“.
Управата наводно го известила Алвес дека нема да му биде продолжена соработката и ќе мора да го напушти клубот на 1 јули. Причините секако не се финансиски, туку фудбалски.
Чави не ќе може да му гарантира минутажа на трофејниот бек, со оглед на тоа дека на десната бековска позиција конкурираат Серхи Роберто и Сержињо Дест, а воедно во исчекување е ангажманот на Цезат Аспиликуета, кој како слободен играч треба да пристигне од Челзи.
По сите изгледи Алвес наскоро ќе заигра за нов клуб во обид да ја одржи натпреварувачката форма и да обезбеди место во селекцијата на Бразил за Мундијалот во Катар.