Ајакс уште во Никозија ќе ги реши сите дилеми за ЛШ

АПОЕЛ – Ајакс (Квалификации, Лига на шампиони, 21 часот)

Една претходна генерација на Ајакс предводена од Класен, Шене, Милик беше поуспешна од АПОЕЛ во двата меча во фазата по групи во 2014 година и победи дома со 4:0 и ремизираше во Никозија 1:1. Тогаш и двете екипи испаднаа од ЛШ бидејќи завршија далеку зад Барселона и ПСЖ, а Ајакс продолжи да игра во Лигата на Европа, како третопласиран состав во групата Ф.

Сега се чини дека разликата во квалитет е уште поголема во корист на Копјаниците, кои лани блескаа во ЛШ и дури беа на прагот и да играат финале.

Проблем за гостите од Амстердам е што Зијеш и Мазрауи се жалат на повреди и нивниот настап на „Нео“ во Никозија е неизвесен.

АПОЕЛ приреди вистински подвиг во претходната фаза и по поразот дома од Карабах со 1:2, возврати во реваншот, славеше со 2:0 во Баку и се пласира во квалификацискиот плејоф за настап во Лигата на шампионите.

Шампионот на Кипар нема екипа на рамниште на претходните изданија, иако нема да му се предадат на Ајакс. Аргентинецот Томас де Висенти сè уште е главната алка во тимот, имаат уште неколку квалитетни играчи, а не треба да се заборави дека четирипати играа во фаза по групи во ЛШ и дека во 2011/12 стигнаа и до четврт-финалето во елитното натпреварување.

Сепак, Ајакс има посилен состав и ќе типуваме дека гостите ќе постигнат минимум два гола, но и ќе примат барем еден.

Предлог тип: Т2&ГГ (2.60)

 

Клуж – Славија Прага (Квалификации, Лига на шампиони, 21 часот)

Двете екипи имаат искуство со настапи во групната фаза во Лигата на шампионите, а интересно, дебитантските мечеви им беа победнички. Во сезоната 2007/08, во петтиот обид Славија конечно се пласираше во фаза по групи во ЛШ и на стартот ја победија Стеауа со 2:1.

Идентичен беше стартот на Клуж, екипа која како шампион на Романија во 2008/09 првпат играше во луксузното натпреварување и дебито беше блескаво со победа против Рома во Рим со 2:1.

Клуж е првата екипа во Романија што пред една деценија ја прекина 17-годишната доминација на екипите од Букурешт, а веќе има солидно искуство со настапите во Лигата на шампионите.

Во претходната фаза го нокаутираа Селтик, а Славија директно ќе игра во плејоф-фазата. Предност ќе му дадеме на романскиот состав, кој е во налет, но се чини најдобро е да се одигра комбинација со голови.

Предлог тип: 1-2I&1-2II (3.00)

 

ЛАСК – Бриж (Квалификации, Лига на шампиони, 21 часот)

ЛАСК бележи голем напредок во последните две години откако во 2017 година се вратија во Првата австриска лига. Веќе играа во Лигата на Европа и сега се на прагот да настапат и во фазата по групи во Лигата на шампионите.

На шега во Австрија велат дека клубот од Линц е Салцбург во изградба, со алузија на Ред Бул, клуб кој прераснува во респектабилен и на европската сцена. И ЛАСК има исти амбиции, да игра стандардно во Европа и да му се спротивстави на неприкосновениот шампион Салцбург на домашната сцена.

Бриж има огромно искуство со настапи на европската сцена, има играно и во финале на КЕШ и на Купот на УЕФА, па е фаворит во двомечот со ЛАСК.

И двете екипи прегрмеа сериозни искушенија во минатата рунда, откако ЛАСК го елиминира фаворизираниот Базел, а Бриж беше подобар во двомечот со Динамо Киев.

И ЛАСК и Бриж играат ефикасно, може да се очекуваат голови, а на првиот меч ќе типуваме комбинирано дека домаќинот нема да загуби со 2-4 гола.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.40)

 

Шефилд вензди – Лутон (Шампионат лига, Англија, 20.45 часот)

Во Шампионат лигата по долг период ќе нема градско дерби меѓу Вендзи и Јунајтед бидејќи „црвено-белите“ влегоа во Премиер лигата, па нивниот пример сака да го следи и втората екипа.

Шефилд вендзи почна солидно во новата сезона и со шест бода на три меча е веднаш зад водечката петорка во Лигата. Играат и ефикасно, а на гости им доаѓа новакот Лутон, што е шанса за трета победа во четвртото коло.

Лутон освои само еден бод и со Виган и Стоук досега прими најмногу голови, вкупно 7 на три меча. Двете екипи играа меѓу себе на почетокот на оваа година во ФА купот и по повторен натпревар, Шефилд мина понатаму.

И денеска домаќините се фаворити, а ќе типуваме дека ќе постигнат најмалку два гола.

Предлог тип: Т1 2+ (1.92)

 

Хал – Блекбурн (Шампионат лига, Англија, 20.45 часот)

Хал се навикна во Шампионат лигата, а лани имаше разочарувачка сезона, иако почна со големи амбиции да се врати во Премер лигата.

Неуспехот повлече и смена на тренерската позиција, па сега Гевин Мекен ќе се обиде да го реализира планот Хал да се пробие до елитата. Стартот беше прескромен за таквите амбиции, а Хал по три кола, има по една победа, реми и пораз.

Блекбурн во некои минати времиња атакуваше и на врвот на Премиер лигата, беше и вицешампион на Англија, но веќе подолг период е во криза.

И оваа сезона ја почнаа скромно со два порази и една победа, па се чини дека немаат квалитет за да бијат битка за позиции кои водат во највисок ранг. Имаат неколку искусни играчи, а ги предводи 35-годишниот ветеран Стјуарт Даунинг.

На спротивната страна, полскиот репрезентативец Камил Гросицки е најпознатото име кај Хал, а според нас, домаќинот има покомпактен состав и ќе победи.

Предлог тип: 1 (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести