Јапонецот Риоју Кобајаши (бранител на титулата) и Австриецот Штефан Крафт (најдобар на вчерашните тренинзи) се први фаворити за победа во Оберстдорф на првата од четирите скокалници на традиционалната новогодишна турнеја во ски-скокови. Но, кој е во каква форма, ќе се види доцна попладнево, па ако мислите дека некој друг може да победи, на располагање ви е обложувалницата Sport Life.
Квотата за победа на Кобајаши е 2.50, додека за Крафт е 3.50. Следуваат Штох, Гајгер, Ашенвалд, Превц, Јохансон, Линдвик и Танде. Имате и опција да се обложите дека нема да победи ниту еден од овие деветмина, а квотата за таква варијанта е 20. Вчера на тренинзите имаше доста изненадувања, Јунширо Кобајаши беше втор, а Штефан Леје трети. Од друга страна Штох беше 22-ри, а Танде дури 46-ти.
Турнејата има четири станици, последната е Бишофсхофен на 6 јануари, кога ќе биде и прогласувањето на најдобрите на најценетото натпреварување во овој зимски спорт.