Коби Брајант доби награда за најдобар кошаркар во Европа!

Познатиот италијански спортски весник „Газета дело спорт“ секоја година избира најдобар европски кошаркар, а овојпат таа награда му припадна на Коби Брајант, легендарниот кошаркар кој загина во хеликоптерска несреќа на денешен ден точно пред една година.

Лука Дончиќ беше прогласен за најдобар во 2019 година, додека една година претходно приматот го имаше Јанис Адетокумбо. За 2020 година се очекуваше Дончиќ повторно да биде број 1 во Европа, но наградата овојпат е за Брајант. За многумина е збунувачки како може Коби да добие награда за најдобар кошаркар од Европа, но Брајант постхумно доби италијанско државјанство. Коби како дете неколку години има поминато во Италија и токму затоа властите се решија да му дадат постхумно државјанство на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

„Мамбата зборуваше универзален јазик на спортските херои. Италија му беше во срцето“, беше дел од објаснувањето во „Газета дело спорт“ за нивниот избор за најдобар кошаркар во 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести