Коби Брајант ќе се вика наградата за најкорисниот играч на Ол-стар мечот

Најдобриот играч на Ол-стар натпреварите од сега ќе добива награда која ќе го носи името на Коби Брајант. Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Брајант, пред точно три недели го загуби во хеликоптерска несреќа. Во чест на Коби, МВП наградата на Ол-стар мечевите ќе носи неговото име, објави комесарот на лигата, Адам Силвер.

Досега имаше неколку иницијативи за Коби да добие признание од НБА лигата, а конечно ова е решено да биде во сеќавање на легендата на Лос Анџелес лејкерс. Во 20-годишната играчка кариера, Коби дури четири пати ја освојуваше наградата МВП на Ол-стар средбите.

Освен тоа, главниот настан, односно мечот на ѕвездите кој вечерва ќе биде во Чикаго, ќе биде во знакот на броевите 24 и 2, кои ги носеа Коби и неговата ќерка Џијана, која исто така загина во хеликоптерската несреќа. На годинашниов Ол-стар, утрово се одржа натпреварот во забивање, а споер многумина, не победи најдобриот забивач и затоа го сметаат за скандал.

 

- Оглас -

Најнови вести