Секоја чест за моите помошници, кои одлично ја простудираа играта на Хелиос и ми помогнаа тактички да се справиме со домаќинот во Домжале, вели тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.
Македонскиот вицешампион играше без репрезентативците Соколов, Симоновски и Маслинко, а иако беше на клупата, не настапи и Младеновски. Сепак, Хелиос е победен со убедлива разлика од 19 поени, 92:73.
„Момците одиграа одлично и покрај кадровските проблеми што ги имавме. Им симнувам капа за одличната кошарка што ја одиграа против Хелиос. Им благодарам и на моите помошници кои одлично ја простудираа играта на Хелиос. Победата е апсолутно залсужена“, изјави Кочов.
На МЗТ сега му останува само уште дуелот со Борац Чачак на домашен терен во обид со десетта победа да ја заврши 2018 година во АБА 2 лигата.