Кочов: Заслужено победа на МЗТ Скопје, бевме подобри цел меч

Ѓорѓи Кочов одлично го водеше МЗТ Скопје до победа во вечното македонско дерби против Работнички, а веднаш истакна дека големиот ривалитет на двете екипи може да донесе и позитивни работи за мак-кошарката.

„Ми е мило што трибините беа исполнети и во таква атмосфера е многу поубаво да се игра кошарка. Понекогаш големиот ривалитет на двете екипи е контрапродуктивен, но може и да донесе добри работи за мак-кошарката. Заслужено славевме, бевме подобри во текот на целиот меч, а секако дека требаше помирно да го завршиме натпреварот. Верувам дека со тек на време композицијата на МЗТ Скопје ќе функционира уште подобро“, изјави Кочов по мечот.

МЗТ славеше голема победа од 74:70 и го презеде врвот со 14 победи и 2 порази. Работнички има 13 победи и два порази, па трката во Суперлигата ќе биде супер интересна.

 

- Оглас -

Најнови вести