Јувентус на тешки маки се избори за нова победа во Серија А, откако на гостувањето кај Аталанта Старата дама славеше со конечни 3-1. Бергамо долго време беше енигма за италијанскиот првак, во рамки од Серија А Јуве ја немаше победено Аталанта на гости речиси три години, но благодарение на Гонзало Игуаин тој пост заврши.
Фудбалерите на Гасперини можеа да поведат уште во првите 20 минути од полувремето, но младиот Бероу наместо да го реализира пеналот, ја погоди гредата. Сепак, домаќините дојдоа до предност преку Госенс во 56-тата минута, но потоа на сцената стапи Игуаин.
Во меч во кој Сари не сметаше на Роналдо, се потпре на својот миленик, а овој му возврати со два погодоци и резултатски пресврт. Игуаин прво стрелаше во 74-тата минута, за потоа да ги најави новите бодови за Старата дама во 82-та минута од мечот. Инаку, Аргентинецот во осми натпревар во низа против Аталанта успева да постигне барем еден гол, па логично е што Сари му дава целосна доверба. Дибала за секој случај зголеми на 3-1 во судиското надополнување.
Јувентус со оваа победа и 35 бода ќе го задржи првото место во Серија А без разлика што ќе направи Интер на гости кај Торино, додека Аталанта веќе четврти меч во низа не може да издвои триумф и претрпе пад на табелата до шестото место.
https://twitter.com/cl_vids/status/1198259215560847360
https://twitter.com/ForzaJuveVids/status/1198266001642663936