Кога Германија последен пат била вака понижена?

Шпанија – Германија 6:0, делува нереално, но тоа е вистинито. Ако во минатото бевме навикнати како германската репрезентација или некој германски клуб ги понижува своите противници, вечерва се случи спротивното. Германија беше немоќна на гостувањето кај Шпанија и доживеа историски пораз.

Според податоците, ова е најтежок пораз на Германија во официјален меч во историјата! Никогаш не загубиле со шест разлика досега, иако историјата памти кога примија осум гола од Унгарија во 1954 година во поразот од 8:3 или кога губеа со 5:1 од Романија во 2004 година и со 5:1 од Англија во 2001 година.

Во историјата, како најголем пораз на Германија е тој од Аматерска селекција на Англија во 1909 година со 9:0. Сепак, тоа што се случило пред повеќе од 100 години не се споредува со овој денешен пораз од Шпанија во дуел кој решаваше за победникот во групата од Лигата на нациите.

- Оглас -

Најнови вести