25.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Кога го нема Меси, Суарес прави шоу во Мајами, две асистенции и Паненка за победа (Видео)

Интер Мајами со победата над мексиканскиот Пумас од 3-1 обезбеди четвртфинале во Купот на лигите, а јунак на американскиот тим беше Луис Суарес, кој одлично се снајде во улога на лидер во отсуство на Лионел Меси, кој не играше поради повреда.

Луис Суарес даде гол од пенал со мајсторски изведена „Паненка“, а имаше и две асистенции за погодоците на Родриго де Пол и Тадео Аљенде. За Аргентинецот Де Пол, ова беше прв гол во дресот на Интер откако дојде од Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести