Фудбалската репрезентација на Хрватска е специјалист за играње нерешено после 90 минути на големите натпреварувања (СП, ЕП или Лига на нации), а тоа го докажа и вечерва со резултатот 0-0 по регуларниот дел од финалето на Лигата на нации против Шпанија.
На финалето во Ротердам ќе има дополнителни 30 минути игра, а ова е дури десетти пат од 13 нокаут мечеви на Хрватите во последните 25 години да се играат продолженија.
Најубавата шанса за победа ја имаа Шпанците преку Ансу Фати, но Иван Перишиќ беше спасителот на Хрватска и од гол-линијата ја спречи топката да не влезе во гол.