ПАОК го победи АЕК со 3:2 во дербито на грчкото првенство и со тоа трката за титулата стана уште поинтересна. По оваа победа, ПАОК стигна до 71 бод и сега е на второто место, додека АЕК останува лидер со 75 бода. ПАОК има и еден меч помалку, што значи дека со триумф разликата ќе биде намалена само на еден бод.
АЕК може да жали што поразен си заминува од Солун бидејќи гостите водеа со 2:1 на 10 минути пред крајот. Во финишот на средбата ПАОК прво израмни на 2:2, а потоа во 90 минута састре погоди за 3:2 и голема победа на домашниот тим.
Ваквиот расплет на мечот не му се допадна на тренерот на гостите, Матијас Алмеида. Некогашниот аргентински репрезентативец и ексфудбалер на Ривер плејт, Севилја, Лацио, Парма, Интер, Бреша… тргна да се тепа со домашниот фудбалер Тајсон. На теренот настана мешаница, Алмеида беше воинствено настроен, но, за среќа, реагираа останатите играчи, па беше спречен поголем инцидент.