1.8 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Кога играат Јувентус и Кремонезе, однапред се знае победникот

5606 Ал Хилал – Ал Наср (18.30 часот)

Ова е големо саудиско, а и градско дерби во Ријад, плус пресметка на првиот и вториот тим на табелата. Ал-Наср долго го чуваше водството на табелата, но Роналдо и другарите драстично паднаа во формата, освоија само еден бод во последните три кола, па Ал-Хилал го искористи тоа и им бега четири бода. Ако Ал-Хилал победи и вечерва, би отишол на големи +7, што може да биде и решавачко во трката за титулата. Ал-Хилал во досегашните 13 кола има 11 победи и две ремија, а Ал-Наср благодарение на Роналдо и Жоао Феликс е најефикасен тим во лигата.

Предлог тип: 12 & ГГ (1.86)

 

3650 Јувентус – Кремонезе (20.45 часот)

Старата дама има серија од пет меча по ред без пораз во Серија А, а Кремонезе на пет средби едноподруго не знае за победа, па според формата, Јувентус е огромен фаворит во овој дуел. Кремонезе има три гостински победи сезонава, но Јуве нема пораз дома. И традицијата е апсолутно на страната на Јуве, Бјанконерите ги добиле сите домашни дуели со Кремонезе од 1990 година наваму.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.93)

 

1199 Ливерпул – Барнсли (20.45 часот)

Неколку премиерлигаши беа шокирани и елиминирани во ова 32-финале од ФА купот на Англија и тоа треба да биде предупредување за Ливерпул дека не смее премногу да се релаксира и да го потцени третолигашот Барнсли. Во 2008 година, кога последен пат се сретнаа овие екипи на „Енфилд“, исто така во ФА купот, Барнсли победи со 2-1, а Барнсли како гостин ја доби и премиерлигашката битка во 1997/98, кога за овој тим играше нашиот легендарен напаѓач Ѓорѓи Христов.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.02)

 

1308 Севилја – Селта (21.00 часот)

Севилја има два порази по ред, но нема да ѝ биде лесно да ја прекине црната серија. Тимот од Виго освои 10 бода од можни 12 во последните четири кола. Андалузијците имаат само две ремија во досегашните 18 лигашки настапи, а Селта има мајсторија за ремија, има осум нерешени резултати, никој во Ла Лига нема повеќе од нив. Ова се две многу непредвидливи екипи и не е лесно да се предвиди исходот, затоа и квотите за конечен тип се големи.

Предлог тип: 1-2 I & 1-3 II (2.45)

 

2861 ПСЖ – Париз ФК (21.10 часот)

Париските ривали само пред осум дена играа еден против друг во лигашко градско дерби, а сега ќе се сретнат и во 16-финалето на Купот на Франција. На 4 јануари ПСЖ победи со 2-1, а Светците во оваа битка влегуваат во убаво расположение откако пред четири дена среќно го освоија Суперкупот на Франција. Во куп-мечевите почести се изненадувањата, но во овој дуел не се прашуваат гостите, сè зависи од расположението на најсилниот француски тим.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.01)

- Оглас -

Најнови вести