Кога играте на српскиот и хрватскиот првак, нема утка

3141 Динамо Загреб – Славен Белупо (18:55 ч.)

Најтрофејниот хрватски клуб започнува уште една сезона во која повторно ќе биде главен фаворит за титулата во домашното првенство. Динамо веќе ја започна сезоната, и тоа со две победи во квалификациите од Лигата на шампионите против Валур од Исланд.

Славен Белупо е тим кој едноставно нема сила да им се спротивстави на Модрите, што покажува и традицијата дека фаворитот има 14 победи и само едно реми во последните 15 меѓусебни дуели. На последните седум меча, Динамо постојано дава барем два гола, па и сега се очекува лесна победа на тимот од Максимир.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)

 

3132 Црвена ѕвезда – Војводина (20 ч.)

Неверојатна е низата од 47 меча без пораз во сите натпреварувања на Црвена ѕвезда. Српскиот првак последен пат загубил во октомври 2020 година од Хофенхајм со 2:0 во групната фаза од Лигата на Европа. Војводина е тим кој е веднаш зад вечните ривали во Србија, но сепак, кога се работи за дуелите против Црвена ѕвезда, билансот на тимот од Нови Сад е очаен.

Црвена ѕвезда победи на последните 13 меча против Војводина, а на пет од последните шест меча не ни прими гол.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.40)

 

3532 Жодзино – Динамо Минск (19:45 ч.)

Ако во Хрватска и Србија дури сега почнуваат првенствата, во Белорусија веќе се игра 16-тото коло. Динамо Минск е тим кој се бори за излез во Европа, додека Жодзино е екипа од средината на табелата. Динамо на гости сезонава во седум меча има само еден пораз и пет примени гола, што само потврдува дека се работи за цврста екипа.

Тоа што е карактеристично за овие дуели е дека дури на 13 од последните 15 нивни средби било НГ, односно една од екипите да не постигне погодок.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.08)

 

2702 Лахти – Марихајм (17:30 ч.)

Екипата на Лахти е во одлична форма и има пет победи и три нерешени во последните осум кола, што беше доволно да се искачи на горниот дел од табелата. Марихајм е тим кој има нестабилна одбрана и само еден тим во цела лига има примено повеќе голови од нив.

Последните три меча завршуваат барем со три погодоци, па освен победа на домаќините, тука може да очекуваме и погодоци.

Предлог тип: 1&3+ (2.80)

 

1276 Сент Патрик – Дрогеда (20:45 ч.)

Интересно е ирското првенство бидејќи три екипи, меѓу кои и Сент Патрик, имаат по 38 бодови и се во трка за првото место. Дрогеда е веднаш зад оваа водечка тројка со осум бода помалку.

Сент Патрик е најсигурен на свој терен и во 10 меча има осум победи, односно 24 освоени бодови, но ова може да биде интересен дуел со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести