Кога ја нема „елитата“, нисколигашите се сигурица за мал број голови

1011 Лутон – Хадерсфилд (Чемпионшип Англија, 20:45 часот)

Овие две екипи го играат првиот полуфинален меч од плејофот за влез во Премиер лигата. Во двата натпревари одиграни оваа сезона видовме два погодоци, а сето тоа е најава за повторување на вакво нешто.

Јасно е дека влогот и за двете екипи е навистина голем и иако има реванш, ќе се игра претпазливо.

Лутон дома нема пораз на последните пет средби, додека Хадерсфилд на гостински терен е во серија од три победи, а со оглед на меѓусебната историја, на оваа средба најдобро е да се одигра од нула до два погодоци.

Предлог тип: 0-2 (1.55)

 

2703 Оулу – Хонка (Вејкаус лига Финска, 17:00 часот)

Хонка е многу поквалитетен тим, а и денеска ќе оди на нови три бода против Оулу. На последните три средби, гостите редовно славеле (0:2, 0:1, 0:1) и тоа говори за нивниот квалитет, иако во два наврати славеле само со еден постигнат гол.

Оулу по шест одиграни средби, има исто толку бодови и се наоѓа на долниот дел од табелата, додека Хонка има 13 бода и ја истакнува кандидатурата за титулата во најсилната финска фудбалска лига.

Предлог тип: 2&0-2 (4.30)

 

1721 Анеси – Седан (Национална лига Франција, 20:45 часот)

Во третата лига на Франција вечерва се игра последното коло, а главна дилема е за тоа кој ќе биде второпласиран и директно ќе оди во ранг погоре.

Таму во моментов се наоѓа екипата на Анеси, која што со победа на Седан ќе си обезбеди второлигашки статус, додека гостите доаѓаат без резултатски притисок бидејќи се наоѓаат на средина на табелата, без можност за значителен напредок.

Првата средба кога Седан беше домаќин заврши 1:1, но овојпат ситуацијата е многу поразлична.

Предлог тип: 1&0-3 (2.03)

 

2813 Фредериција – Никобинг (Прва дивизија Данска, 18:30 часот)

За разлика од останатите средби, на оваа очекуваме сосема поразличен натпревар, а ако се погледне блиското минато, тогаш има и зошто.

На последните пет средби, без разлика кој и да е домаќин, во просек паѓаат по 5.4 погодоци по меч (2:3, 3:2, 4:4, 2:2, 0:5). Похрабрите можат да си ја пробаат среќата и со 5+, но ние ќе бараме еден гол помалку од тоа, за што квотата во Sport Life е одлична.

Предлог тип: 4+ (2.02)

 

3545 Тамека – Парну Варпус (Мејстрилига Естонија, 18:00 часот)

Натпреварот од најсилната лига на Естонија исто така ќе се најде во нашата денешна понуда на Типстерски совети, каде што домаќинот е благ фаворит.

Но, овие средби се одлични за типување од нетипичните игри од понудата на Sport Life.

Велиме така бидејќи во сите пет последни меѓусебни средби паѓаат од еден до три погодоци во двете полувремиња. Ние се надеваме дека така ќе биде и денеска, а квотата изнесува 1.62.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.62)

 

- Оглас -

Најнови вести