Позирај Џејмс, го нема Ферги

Гризман бил скаран со Лео, а кога играч на Барселона не е на иста бранова должина со Меси(јата), тоа значи дека си во тешка каша. И така опасно изолиран, „никој не му зборува“, светскиот првак како од шега му даде на Бетис два гола и имаше една асистенција.

Што ќе се случи кога ќе се смират Гризман и Меси и кога ќе се врати Аргентинецот на терен заедно со Суарес и Дембеле? Ќе биде „Иде Дунав, ризик јак и мила душа“ за сите одбрани на светот.

Можеби сепак има чаре како да се сопре пеколниот напад на Барселона. Кинеската брана на „Трите Клисури“ е моќна, тука лежи рецептот. Додека не заигра фудбал гигантскиот комплекс на Јангце, селекторот ве советува запишете си ја Барса за голови.

Летово најмногу нѐ забавуваше Нејмар, ама не со дриблинзи и со „ролање“ на теренот како тепих, туку со трансферот од Пари Сен Жермен.

Не остана екипа што не понуди нешто за Бразилецот. Како на вага на пазарче, ПСЖ ѝ вели на Барселона дај го Ракитиќ и Семедо, додај го Кутињо и 80 милиони евра. Ти од Реал што дремеш, измери ги Винисиус, Бејл, Родригес и трк во банка уплати уште 100 милиони евра. Јувентус се турка одзади, еве ви го Дибала сосе правата за маркетинг и стотче во кеш за Бразилецот.

Се пазареа и не се испазарија, па Нејмар сега најмногу на свет го сака ПСЖ. Уште од мал сонувал да игра за Светците и за жива глава не сака да си оди од Париз. Забега и фудбалот и трансферите со суми од кои боли глава.

ФЕРГИ ДА СЕ ВРАТИ

Го видовте ли младиот Даниел Џејмс од Манчестер јунајтед. Ќе биде фудбалска ѕверка, ама уште на стартот на кариерата му фали нешто. Ја нема челичната рака на Сер Алекс Фергусон.

Даде гол за израмнување против Кристал палас и наместо да направи дополнителен спринт по топката за да ја врати на центарот, тој се сликаше како Супермен за на „Инстаграм“. А, цела обложувалница грми „трк по топката, трк по топката“.

Ја чекаме кец како топла супа во планина, но Џејмс нема абер да престане да позира во критично време, во 89-тата минута. Ех, Ферги да беше, коментираат „паднатите“ борци на тикет со Манчестер јунајтед. До крај ќе беше 3:1, вака Џејмс се сликна, а и ние сега можеме да се сликаме со ѓаволскиот кец на „Олд Трафорд“.

Ништо, одиме понатаму. Го бришам Манчестер јунајтед од тефтерот, категорија сигурни. Веќе ги избришав Андерлехт, Валенсија, Феенорд, Монако, Шкендија, пола турска лига…

Фала богу билтенот на Sport Life за викенд е полн со страни како „Ана Каренина“ на Толстој. Селекторот ќе си најде нови коњаци, само да не се шири списокот на избришани, а да се множат добивките.

ТИКЕТ ЗА ВИКЕНД? НЕ РАНО Е, ЛШ И ЛЕ СЕ МЕРАК ЗА ДОБИВКИ

Уште еден викенд има за добитни тикети од домашните првенства, а потоа ќе се „наштелуваме“ за квалификациските мечеви на репрезентациите. Но, да не брзаме, има уште игра. На ред, пред сѐ, се квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Што би рекол Загор Те-Неј, на ред е последната седма рунда. Се одлучува за луксузот, за пат кон елитата, а поправен веќе нема. Цела сезона во еден меч, во вторник, среда и четврток.

И навидум, веднаш се нудат сигурните. Кец Ѕвезда, двојка Динамо, кец Ајакс, кец Бриж и кец Славија. За да биде појако, тука е и Лигата на Европа. Пиши ми ја ПАОК кец, Ференцварош кец, Ајнтрахт кец и Гимареш кец. Додај ми и троа од бонусот Фибоначи во Sport Life и довидување до следната дружба со селекторот.

- Оглас -

Најнови вести