Кога ќе „збесне“ Гркот, нема спас за Лос Анџелес лејкерс (Видео)

Милвоки бакс го победи Лос Анџелес лејкерс со 111:104 во дуелот меѓу двата најдобри тима во НБА-лигата сезонава. Пред мечот, двете екипи имаа по 24 победи и 4 порази, а сега Милвоки го има приматот на најдобар.

Уште од почетокот на дуелот, Милвоки започна одлично и со одлична одбрана го задржа Лејкерс само на 17 поени во првата четвртина, што е најмалку поени за тимот од ЛА постигнати во еден квартал сезонава. Во втората четвртина, разликата само се зголемуваше, а овојпат Милвоки ја покажа силата во нападот. Домаќините дадоа 42 поени во втората четвртина, па на полувреме беше 65:46.

Во третата четвтина Лејкерс се разбуди, гостите дадоа 35 поени и успеаја да анулираат дури 11 поени од негативата. Сепак, во последниот квартал Милвоки повторно стигна до двоцифрена предност и во ниту еден момент не дозволи противникот да се понадева дека може да направи пресврт.

https://youtu.be/3nPUHPzKiaM

Јанис Адетокумбо со 34 поени, 10 скока и шест асистенции беше предводник на победничкиот тим, па џабе беа 36-те поени на Ентони Дејвис за Лејкерс, како и трипл-даблот на Леброн Џејмс од 21 поен, 12 скока и 11 асистенции.

Во останатите мечеви: Атланта – Јута 106:111, Сан Антонио – Бруклин 118:105, ЛА клиперс – Хјустон 117:122.

- Оглас -

Најнови вести