Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 0:1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите благодарение на голот на Кингсли Коман во 53-тата минута.
Французинот повторно беше кобен за својот поранешен тим, тој го постигна единствениот гол во финалето на ЛШ во 2020 година, во кое Баерн дојде до петтата европска титула по триумфот против ПСЖ.
Ова беше негов 50-ти натпревар во Лигата на шампионите и ја оствари 39-тата победа, со што стана фудбалер со најмногу победи во историјата на елитното натпреварување во првите 50 средби.
Исто така кога Коман постигнува гол, неговиот тим или репрезентација не загубиле. Тој во дресот на Баерн Минхен и на француската репрезентација постигнал 55 гола и тие славеле на 52 натпревари, а три средби завршиле нерешено.