Ливерпул загуби со 3:2 на гостувањето кај Вест хем и со тоа дојде до првиот пораз сезонава во Премиер лигата.
По 11 одиграни кола, момците на Јирген Клоп првпат заминаа со наведнати глави, откако Дејвид Мојс се чини дека ја најде вистинската формула за нив.
Но, тренерот на Ливерпул се жали од судњето и смета дека првиот гол е нерегуларен.
„Кога ќе ја видите динамиката на првиот гол, тогаш тоа е чист фаул над Алисон. Не знам само како е можно тоа да не го свирнат фаул.
Исто така се чудам на одлуката за тоа Кресвел да не добие црвен картон. Да, тој првин ја удри топката, но стартот беше безобразен и остар“, изјави Клоп.
Ливерпул на репрезентативната пауза заминува како четвртопласиран со 22 освоени бода, а во наредното коло ќе го игра големото дерби против Арсенал.