Кога напаѓаат Миовски и Кристијано Роналдо, головите се загарантирани

3001 Болоња – Фиорентина (19.00)

Болоња и Фиорентина се тимови со двоцифрен број победи и тимови кои се борат за излез на европска сцена. Болоњезите имаат две победи по ред, на тие два меча дадоа вкупно 8 гола, додека Фиорентина во минатото коло со „петарда“ против Фрозиноне прекина серија од четири кола без победа. На почетокот на јануари, Виолетовите на пенали ја елиминираа Болоња од Купот, а во ноември ја совладаа Болоња со 2-1 во лигашки меч исто така во Фиренца. Болоња дома нема пораз од август.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.12)

 

5628 Ал-Феиха – Ал-Наср (19.00)

Ова е прв меч од осминафиналето во азиската Лига на шампиони. Ќе претставува градско дерби, двата тима се од саудиската престолнина Ријад. Ал-Феиха во првенството има црна серија од пет порази едноподруго, а српскиот голман Стојковиќ ќе има работа против Роналдо, Мане, Талиска и другарите. Во октомври, во лигашки меч кога Ал-Феиха исто така беше домаќин, Ал-Наср победи со 3-1.

Предлог тип: Т2 2-3 (1.93)

 

1241 Абердин – Мадервел (20.45)

Бојан Миовски има шанса да ја продолжи својата голгетерска серија против тим кој има еднаков број бодови со неговиот Абердин. Абердин одамна нема победа во првенството, а Мадервел има серија од пет меча без пораз. Мадервел е тим дури со десет нерешени игри во 24 кола. Пред една година кога овие два тима за последен пат играа меѓу себе во Абердин, Миовски даде два гола во победата од 3-1. Од последните шест меѓусебни дуели, пет им беа со ГГ и 3+.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.26)

 

6002 Лацио – Баерн Минхен (21.00)

Германскиот првак е фаворит на хартија, но на гостувањето во Рим доаѓа разнишан по викенд-поразот во дуелот за прво место против Баер Леверкузен. Баерн има голем број повредени, меѓу кои и Коман, Дејвис, Гнабри. Традицијата на некој начин ги фаворизира Баварците бидејќи тие двапати го победуваа Лацио во осминафиналето во 2021 година. Тоа беа ефикасни мечеви на кои паѓаа голови на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

6004 ПСЖ – Реал Сосиедад (21.00)

Многумина мислат дека парижаните имаа голема среќа во ждрепката, но Шпанците не се наивен противник, тие во првата фаза го освоија првото место во група во која беше и еден Интер и на трите гостувања не примија ниту еден гол. ПСЖ на сите мечеви во 2024 година даваше барем два гола, а Сосиедад има црна серија од четири меча без постигнат гол, од кои три во лигата и еден во купот.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

- Оглас -

Најнови вести