Кога не сака, не сака – Трипати шутираа тројка за продолжение и не погодија (Видео)

Кливленд кавалирс немаа среќа во драматична завршница да израмнат на 106:106 против Детроит пистонс и да се изборат за продолжение и потоа и евентуално и за победа.

Во последните 26 секунди, дури трипати шутираа за тројка, која им беше потребна да го избегнат поразот, но не погодија ниту еднаш и Детроит славеше со 106:103.

Прво се обиде Марканен, но промаши, а топката остана кај гостите од Кливленд. Потоа се обиде Мобли од чиста позиција, но и тој промаши.

Баскетот пак се одби кај играчите на Кливленд и во последниот обид, повторно од чиста позиција, трета тројка по ред утна Гудвин за пораз на Кавалирс.

 

- Оглас -

Најнови вести