Кога сака да биде, ќе дадат голови во 91-ва и во 94-та минута за добивки од над 200.000 денари

Неверојатна драма имаше на мечот меѓу Сент Етјен и Рен во полуфиналето од Купот на Франција. Домаќините се пласираа во финалето, и тоа благодарение на погодокот во 94-тата минута за победа од 3:2. Тој гол на Сент Етјен му донесе прво финале во Купот по пауза од 38 години, а освен домашните навивачи, голема причина за славење имаа и двајца обложувачи во Sport Life.

СТЕАУА ДАДЕ ГОЛ ВО 91-ВАТА МИНУТА, УШТЕ ПОГОЛЕМО ЧУДО БЕШЕ ВО ФРАНЦИЈА 

Обложувач од Тетово направи тикет од четири пара на кои играше дека двата тима ќе дадат гол, но и дека ќе го погоди победникот. Е ова е еден од оние тикети за кои велиме дека „сакало да му даде“. Стеауа славеше на гости кај Херменштад со 2:1, на меч на кој до 75-тата минута немаше погодоци. Домаќините поведоа со 1:0, потоа фаворитот израмни во 84-тата минута со автогол, а во 91-вата минута Стеауа направи целосен пресврт и добитна комбинација 2 и ГГ.

Ако во Романскиот куп беше драма, тогаш Хичкок ја режирал завршницата на дуелот меѓу Сент Етјен и Рен. Гостите поведоа, а за да биде „кец“, потоа беа потребни два гола на домаќините. До крајот на првиот дел беше 1:1, а победничкиот гол Сент Етјен го даде во 94-тата минута, односно неколку секунди пред судијата да означи крај.

Драмата во мечот од Францускиот куп и погодоците може да ги видите ТУКА.

Во второто полувреме паднаа сите три погдоци на останатите два меча кои беа на тикетот на тетовецот, а Гранада со 2:1 го победи Атлетик Билбао, додека Расинг клуб како гостин со 2:1 го победи Естудијантес во аргентинското првенство за добивка од 267.092 денари.

И СО 20 ДЕНАРИ, МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ НАД 200.000 ДЕНАРИ

Четирите меча кои ги одиграл тетовецот се наоѓаат и на тикетот на играч од Кавадарци, само играта е малку поинаква. На овој тикет погодени се победниците на четирите дуели, но наместо гол-гол, во втората комбинација е да има 3+ голови на мечот.

Освен овие четири меча кои се на тикетот на тетовецот, обложувачот во Кавадарци има додадено уште два меча. Ја погоди победата на Сондерјиске на гости кај Рендерс со 2:1, а победничкиот погодок на гостите е постигнат во 89-тата минута. Екипата на Депортиво Бјанасионал од Перу со 2:1 го победи бразилски Сао Пуало и тикетот кој беше уплатен само со 20 денари, на крајот донесе голема радост и добивка од 224.986 денари во Кавадарци.

НЕОБИЧНА УПЛАТА, СЛАТКА ДОБИВКА

Во Македонска Каменица очигледно има обложувач кој сака да вложува нетипична сума, па на тикетот на кој ставил 78 денари, добивката му е 139.456 денари. Дури 10 меча се на тикетот кој има 4 комбинации, а единствено промашено е дека ќе биде гол-гол на дербито од бугарскиот куп меѓу Левски и Лудогорец, кое заврши 0:0, па погоден е „иксот“.

Втората погодена целосна комбинација е повторно поврзана со мечот од Купот на Франција меѓу Сент Етјен и Рен. Комбинацијата е дека ќе биде Х-1, но и дека ќе има 3+ погодоци, што на крајот се случија и двете опции, па добивката е одлична.

 

- Оглас -

Најнови вести