Манчестер јунајтед синоќа пропушти шанса да скокне на третото место во Премиер лигата, но голот примен во 96-тата минута ја скрати радоста на „Олд Трафорд“. Буквално во последниот напад од мечот, Саутхемптон успеа да израмни на 2:2. Гостите погодија по една мешаница од корнер.
Како еден од главните виновници за примениот гол на Манчестер се посочува најскапиот дефанзивец во светот Хари Мегваер. Играчот кој беше платен 80 милиони евра, едноставно делуваше изгубено во моментите кога Манчестер требаше да се одбрани и да стигне до победа.
Снимката покажува дека при изведување на корнерот, по кој беше постигнат голот на гостите, Мегваер воопшто нема противник за чување туку маркира свој соиграч. Ова не е прв голем кикс на Мегваер. Пред неполни две недели на дуелот против Борнмут, Манчестер прими гол, а Мегваер беше главниот виновник и за тој погодок.
До крајот на првенството во Премиер лигата остануваат уште три кола во кои Манчестер ќе се бори со Челзи и Лестер за позиција која води во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/i/status/1282781283047931906