Манчестер оди кон ЛШ, но скапата одбрана му беше изработена за сите пари (Видео)

Манчестер јунајтед води со 3-1 по првото полувреме на дуелот со Борнмут, но најубавиот момент на средбата беше голот со кој гостите поведоа со 1-0. Жуниот Станислас го посрамоти 80-милиони евра платениот Хари Мегваер, му ја протна топката низ нозе, а потоа од мртов агол го совлада невнимателниот Давид Де Хеа кој не смееше да си дозволи да прими гол од таква позиција.

За Јунајтед кој се бори за пласман во Лигата на шампионите, ова беше прв примен гол дома од 22 јануари наваму. Негативата од 0-1 на влијаеше многу негативно на Црвените ѓаволи. Гринвуд, Рашфорд од пенал и Марсијал, погодија по еднаш, па на пауза, тимот на менаџерот Солскјер има убава предност.

Ова е голот на Борнмут:

https://twitter.com/i/status/1279419511322693637

- Оглас -

Најнови вести