Оние љубители на фудбалот кои не го сакаат Кристијано Роналдо, често го критикуваат дека голем број на головите ги дава од пенал, му смислија и прекар Пеналдо, а според бројките од статистиката за 2020 година, Португалецот и навистина го заслужува прекарот. Иако дава голови на разни начини, сепак тој е играч кој погодил најмногу пенали минатата година, во конкуренција на играчи од клубови од Топ 5 лигите во Европа.
Каде и да игра, дали во клуб или во репрезентацијата, Кристијано ги изведува пеналите, така е и во Јувентус, и според сајтот за проценка на вредност на играчите и статистика Трансфермаркт, Роналдо е прв на листата на фудбалери кои шутнале и дале најмногу погодоци од пенали минатата година. Роналдо во 2020 постигнал 17 гола од белата точка.
На второто место е уште еден Португалец, Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед, со 15 погодени пенали. Потоа следуваат Чиро Имобиле со 14 и Ромелу Лукаку со 10. По девет пенали реализирале Крамариќ од Хофенхајм, Верету од Рома, Нејмар од ПСЖ, Окампос од Севилја, и Меси од Барселона. Топ 10 листата ја заокружува Салах од Ливерпул со 8 пенали.