Кои се можните противници на Македонија во следното издание на Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 1:0 од Ерменија во најважниот меч од второто издание на Лигата на нациите и затоа остана во Сегментот Ц и за следната сезона. Тоа значи дека не успеавме да одиме чекор напред, па и во наредното издание ќе бидеме до третото по ранг скалило на ова натпреварување. Доколку Македонија успееше синоќа да освои барем бод против Ерменија, сега ќе бевме во Сегментот Б.

Засега се познати 14 од 16-те учесници во Сегментот Ц и покрај Македонија, тука се уште и: Северна Ирска, Словачка, Турција, Бугарија, Луксембург, Азербејџан, Грузија, Грција, Косово, Белорусија, Литванија, Фарски Острови, Гибралтар, како и победниците од плејаут-дуелите меѓу Казахстан – Молдавија и Естонија – Кипар.

Според новиот изглед на Лигата на нациите за сезоната 2022/23, во останатите три сегменти ќе играат:

Сегмент А: Италија, Белгија, Шпанија, Франција, Холандија, Полска, Данска, Англија, Португалија, Хрватска, Германија, Украина, Австрија, Чешка, Унгарија и Велс.

Сегмент Б: Исланд, Швајцарија, Шведска, Норвешка, Романија, Шкотска, Израел, Русија, Србија, Финска, Ирска, Црна Гора, Ерменија, Словенија и Албанија.

Сегмент Д: Малта, Летонија, Андора, Сан Марино, Лихтенштајн, како и поразените од плејаут-дуелот од Сегментот Ц меѓу  Казахстан – Молдавија и Естонија – Кипар.

- Оглас -

Најнови вести