Казахстан ја прекина црната серија без победа на домашен терен што траеше цели три години и 12 меча по ред на официјалните натпревари и конечно се радуваше на триумф од 2:0 против Азербејџан.
Во премиерен меч од Ц сегментот во новото издание на Лигата на Нации, Казахстанците славеа со головите на Абат Аимбетов, а првиот погодок што го постигна во 50. минута беше ремек-дело.
Аимбетов постигна нов гол во 57. минута, и тој беше интерсен, а доби потврда дека е регуларен дури четири минути откако беше постигнат со помош на ВАР системот.
Казахстан пред овој меч во официјален настап за квалификации за СП, или ЕП и во Лигата на Нации последен пат го победи Сан Марино со 4:0 на 11. јуни 2019 година, па сега е прекинат постот без триумф на домашен терен што траеше цели три години.