Спортската сала „Парк“ во Струмица вечерва ќе биде центарот на ракометните случувања кај нас бидејќи Еурофарм Пелистер и Вардар играат за првиот домашен трофеј. Шампионот Еурофарм Пелистер ќе го освои Супер купот или тоа ќе го направи освојувачот на Купот на Македонија, Вардар? Прашање на кое одговорот ќе го добиеме околу 19:30 часот.
Според квотите во Sport Life, екипата на Еурофарм Пелистер е фаворит и за победа на битолчани квотата е 1.65, додека победата на Вардар носи квота од 2.55. Во игра е и нерешениот резултат, кој има квота точно 8, а тоа би значело дека трофејот ќе се додели на пенали.
Во ова натпреварување Вардар има три трофеи кои ги освои во првите три сезони откако се игра Супер купот. Црвено-црните од Скопје триумфираа од 2017 до 2019, еднаш над Еурофарм Работник и двапати над Металург. Во 2020 Супер купот не се одржа поради пандемијата со ковид-19, а последните две изданија му припаднаа на Еурофарм Пелистер со две победи над Вардар.