Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер денес во 17 часот ќе играат во финалето од ракометниот Куп на Македонија. Титулата од првенството сосема извесно ќе патува во Битола, но Вардар е фаворит за трофејот од Купот на Македонија со квота 2.05 во понудата на Sport Life.
Ова ќе биде осмо финале во кое ќе играат вечните ракометни ривали, а токму Вардар е поуспешен со пет трофеи, додека Пелистер двапати се радувал на победата во финалните дуели против Вардар.
Квотата дека и овој трофеј ќе патува за Битола е 2.20. Двете екипи оваа сезона до сега одиграа три меѓусебни натпревари. Токму Еурофарм Пелистер е поуспешен со две победи, додека еднаш славел Вардар. Битолчани се радуваа во финалето од Супер Купот на Македонија со 23-22, дуел кој исто и како и денешното финале, се играше во Охрид. Во првенството најпрво Вардар победи со 31-24 во Скопје, а реваншот во Битола заврши во корист на Пелистер со 26-23.
Понудата во Sport Life вклучува и типување на најдобрите стрелци, а тука се по 8 ракометари од двете екипи, односно вкупно 16. Најмногу голови се очекува од Дејан Манасков и Филип Талески од екипата на Вардар, додека кај Пелистер исти граници имаат Хосни, Хенеберг и Пешевски.