Екипите на Вардар и Алкалоид вечерва од 20:30 часот ќе играат во финалето на 51-виот меѓународен ракометен турнир во Струга. Вицешампионот и третопласираниот од ракометната Супер лига од минатата сезона ќе одлучуваат кој ќе го освои трофејот на престижниот трофеј. Алкалоид е дебитант во финалните натпревари и според резултатите од минатата сезона е фаворит, но никој не може да го отпише Вардар кој засилен со нови ракометари сигурно дека нема да ја препушти фаворитската улога на друга екипа.
Рекордер на турнирот по бројот на трофеи е екипата на Вардар со вкупно 14. Следува Пелистер со еден помалку, односно 13, додека останатите екипи се далеку од најуспешните. Борац од Бања Лука и Металопластика имаат по 4 победи, Металург и Тутунски Комбинат по три, Железничар од Ниш и францускиот Шартр по два трофеи, ддодека седум екипи по еднаш го кренале трофејот во Струга, а тоа се: АСКИ Анкара, Приштина, ВВ Тиквеш, Сесон Рен, Цеље Пивоварна Лашко, АЕК Атина и домаќинот Струга.
Во борбата за третото место ќе играат екипите на АЕК од Атина и Гуиф Ескилстуна од Шведска, а овој меч ќе биде предигра на финалето и ќе започне во 18:30 часот.