Сашко Пандев постигна прекрасен гол за предност на Академија Пандев со 1:0 во финалето на Македонскиот фудбалски куп против Македонија Ѓорче Петров.
Помладиот од браќата Пандев упати одличен удар од 20-тина метри, а голманот на Македонија Ѓ.П. беше немоќен.
Струмичани го играат првото историско финале во националниот куп, а кој друг ако не братот Сашко го израдува сопственикот Горан со убав гол и водство во мечот за пехарот.