Кој друг, ако не Левандовски!

Роберт Левандовски е прогласен за најдобриот фудбалер во Европа за минатата сезона. Напаѓачот на Баерн Минхен имаше чудесна сезона. Беше страв и трепет за противничките одбрани, постигнуваше голови кога беше најпотребно и како вистински предводник го водеше Баерн Минхен до сите можни титули. Германскиот гигант во 2020 година се радуваше на пет трофеи, а последниот го освои синоќа, откако во Суперкупот на Германија со 3:2 ја победи Борусија Дортмунд.

Во гласањето на УЕФА, зад Левандовски се најде неговиот соиграч и капитен на Баерн, голманот Мануел Нојер. Трет на листата е Кевин де Бројне од Манчестер сити. Штета што оваа година нема да има доделување на Златната топка на „Франс фудбал“ затоа што Левандовски сигурно ќе ја освоеше и таа награда.

Статуетката за најдобар во Европа, Левандовски ќе ја прими вечерва, непосредно пред ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите. ТУКА може да видите кои клубови во кои барабани се наоѓаат и кој со кого не може да се падне во иста група.

 

- Оглас -

Најнови вести