Денеска е ждрепката за групите во ЛШ, кој со кого не може да падне?

Екипите на Краснодар, Салцбург и Митјиланд синоќа го фатија „последниот воз“ и успеаја да влезат во групната фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2020/21. Тие три екипи ги добија плејоф-мечевите и се приклучија на останатите 29 клуба кои попладнево чекаат да бидат дел од ждрепката.

УЕФА веќе ги одреди четирите групи и веќе се знае кој со кого сигурно не може да игра. Освен со тим кој е во иста група, за противник не може да се добие и екипа од иста земја. Дури пет екипи ќе бидат дебитанти во групите од ЛШ, а тоа се: Рен, Ференцварош, Башакшехир, Краснодар и Митјиланд.

Распоредот на групите пред ждрепката е:

Група 1: Реал Мадрид, Севилја, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Јувентус, Порто, Зенит.

Група 2: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтар, Ајакс, Челзи.

Група 3: Интер, Лацио, Аталанта, Лајпциг, Динамо Киев, Краснодар, Салцбург, Олимпијакос.

Група 4: Рен, Ференцварош, Башакшехир, Борусија Менхенгладбах, Олимпик Марсеј, Бриж, Митјиланд и Локомотив Москва.

 

- Оглас -

Најнови вести