Кој друг ако не Столе, Димитриевски е прогласен за играч натпреварот

Столе Димитриевски вечерва блескаше на „Сантијаго Бернабеу“ и ги засени сите ѕвезди на Реал Мадрид, и за неверојатната партија во ремито без голови, беше прогласен за играч на натпреварот.

Кралевите во градската пресметка со Рајо Ваљекано влегоа како големи фаворити, но Димитриевски уште на стартот им покажа дека ќе им биде тешко да го совладаат.

На крајот, статистиката покажа дека имаше одбранети пет директни удари кон неговиот гол, а имаше уште неколку одлични интервенции со кои ги излуде фудбалерите на Реал Мадрид.

Уште во шестата минута, кога Феде Валверде сам пред Димитриевски, голманот на македонската репрезентација со фантастична интервенција го одбрани неговиот шут.

https://twitter.com/i/status/1721286915385589770

Во првото полувреме Димитриевски имаше уште една неверојатна одбрана, и тоа по шутот на Хоселу.

На крајот статистиката покажа дека Димитриевски имаше пет одбани и сосема заслужено беше прогласен за играч на натпреварот и повеќе од сигурно е дека по третпат сезонава ќе биде во идеалниот тим на колото во Ла Лига.

Дополнителен доказ дека Димитриевски брани во неветојатна форма е и податокот дека во досегашните 12 кола во Ла Лига, дури на пет меча ја зачува неговата мрежа недопрена.

- Оглас -

Најнови вести