Манчестер сити убедливо го победи Баерн Минхен со 3-0 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионитње. Еден од клучните играчи на домашните беше шпанскиот интернационалец Педри, кој го постигна првиот гол на натпреварот во 27-мата минута. Но тоа не беше се што направи скромниот шпанец на синоќешниот натпревар. Тој со неговата игра беше од најважните играчи на теренот и еден од најзаслужните за убедливата победа која му го отвора патот за полуфинале на Манчестер сити.
Но, кој е всушност Родри. Заработува по 250.000 евра неделно, а 25% од својата плата донира за хуманитарни организации во Шпанија. Нема скап спортски автомобил, туку пред извесно време беше забележан со стара „опел корса“ која ја купил преку оглас. Родри нема ниту социјални мрежи, а нема ниту тетоважи по своето тело бидејќи редовно донира крв.