Ерлинг Халанд во 2022 година пристигна во Манчестер сити и оттогаш важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Норвешкиот напаѓач одигра 109 натпревари за Граѓаните, на кои постигна 101 гол и запиша 14 асистенции. Халанд е сопственик на неколку рекорди, како фудбалер кој најбрзо стигнал до бројката од 50 гола во Премиер лигата (на 48 натпревари), фудбалер кој постигнал најмногу голови во една сезоната во Премиер лигата, фудбалер кој како член на премиерлигаш постигнал најмногу голови во сите натпреварувања во една сезона (52)…
Сепак, најдобриот стрелец во историјата на клубот е Серхио Кун Агуеро, кој беше дел од Граѓаните од 2011 до 2021 и на 390 натпревари постигна 260 гола.
„Најдобриот напаѓач во историјата на Манчестер сити е Серхио Кун Агуеро“, признава Ерлинг Халанд на новинарско прашање.