Апокалипса во Премиер лигата – Лудата банда на Вини Џонс и Карамелите играа меч пред трибина на која имаше само еден човек и неговиот пес (Фото)

Денеска се слави 30-годишнината од почетокот на славната Премиер лига во Англија, а цел викенд е посветен на првенството што според многумина е најсилно на светот.

Има многу податоци, рекорди, а стартот беше чуден на 15 август во 1992 година, кога се играше првото коло со многу изненадувачки резултати и ниту една победа на фаворитите.

Има место и за негативните рекорди, а таков е тој на 26 јануари во 1993 година во првата сезона во Премиер лигата по овој формат.

Тогаш играа лудата банда од Вимблдон и Евертон на „Селхурст парк“ со присуство на само 3.039 навивачи на двата тима, што е најслаба посета во историјата на Премиер лигата.

„Толку беше празно, што јасно се гледаше виножито нa спротивната трибина од нашата клупа. Таму имаше само еден човек и неговиот пес и никој друг“, раскажува Нил Ердли, кој тогаш играше за Вимблдон, екипа која ја нарекуваа Крејзи генг, или Лудата банда, со играчи од калибарот на Вини Џонс, Денис Вајс, Џон Фашану…

Вимблдон беше домаќин, а победи Евертон со 3:1 во меч со убедливо најслаба посета во 30-годишната историја на Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести