39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Кој е сопственик на Ламборџинито со кое загина Диого Жота?

Шпанската полиција сè уште работи на расветлување на случајот со трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат, Андре Силва.

Веста за нивната смрт, која се случи во четвртокот, го потресе фудбалскиот свет. И неколку дена подоцна, тажната вест сè уште предизвикува шок меѓу соиграчите, тренерите, клубовите и навивачите. Во меѓувреме, шпанските власти се обидуваат да утврдат што точно се случило.

Првичните извештаи укажуваат дека Жота и неговиот брат управувале со „Lamborghini Urus“, а несреќата се случила при претекнување кога пукнала гума, по што возилото излетало од патот и се запалило.

Важно е да се напомене дека луксузното возило не било во сопственост на ниту еден од браќата, било изнајмено во Португалија, каде што Диого присуствувал на свадба.

Според експерти за сообраќај и возила, полицијата сега работи на утврдување на брзината со која се движел автомобилот, кој го управувал возилото, и дали токму пукнатата гума е причина за трагедијата. Се разгледува и можноста Жота да ја изгубил контролата врз автомобилот при претекнувањето, по што удрил под остар агол во заштитната ограда, а возилото експлодирало и изгорело за неколку секунди.

Идентификацијата на телата била извршена преку регистарските таблици и пронајдени документи во остатоците од изгорениот автомобил.

Според „Билд“, планот бил браќата да преноќат во близина на Замора и следниот ден да продолжат кон Сантандер, од каде Жота планирал да фати траект за Англија, бидејќи во понеделник требало да се приклучи на подготовките на Ливерпул.

Истрагата продолжува, ќе се вештачат и остатоците од возилото, ќе се проверат гумите и ќе се испита фирмата од која е изнајмен автомобилот. Некои извори тврдат дека можеби не станува збор за „Lamborghini Urus“, туку за поскап и побрз модел „Huracan“.

- Оглас -

Најнови вести