Кој играше на многу голови, фати викендов, доволни беа и само по два меча на тикет за одлични добивки (Фото)

Саботата беше среќен ден за еден прогнозер кој уплатил тикет во Sport Life во скопско Радишани. Играчот без проблем погоди два типа со огромни квоти над 10, и тоа со уплатата од 510 денари, му донесе добивка од 67.320 денари.

Иако според висината на коефициентите делува дека е малку веројатно да паднат по три гола за домашните тимови, овој прогнозер вложи 510 денари и тоа му се исплатеше многукратно, за добивка од над 1.000 евра. На тикетот се два меча од лигите од северот на Европа. Првиот е дека Тромсо ќе даде три гола против Асане (квота 11) во второлигашка конкуренција во Норвешка, а другиот е од првата лига во Шведска и се чекаа три погодоци на Хакен во мрежата на Фалкенбергс.

Не само што домашните екипи даваа по три гола, туку тоа го направија уште по првите 45 минути. Тромсо славеше со 5-4 во меч на кој во првото полувреме даде четири гола, а Хакен до 36-тата минута имаше 3-0, резултат со кој и заврши нивниот меч.

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ ДОНЕСЕ РАДОСТ КАЈ СВЕТИНИКОЛЧАНЕЦ 

Слично сценарио се случуваше и во Свети Николе во неделата. Прогнозерот уплати 700 денари на тикет со два меча на кои типуваше на 7+ голови. Едната средба беше Баерн – Херта, за која е награден во квота 7.90, а другата е Аталанта – Калјари, за која коефициентот дека ќе паднат седум погодоци беше 9.75.

Баерн со четирите гола на Роберт Левандовски ја победи Херта со 4-3. Прогнозерот имаше и многу среќа бидејќи на полувреме беше само 1-0, но во вториот дел паднаа шест гола, од кои последниот во 93-тата минута од пенал, кој го реализираше Полјакот Левандовски. До 85-тата минута имаше четири гола, а во финишот паднаа уште три за голема радост во Свети Николе и добивка од 53.918 денари.

И на мечот Аталанта – Калјари паднаа точно седум гола. Во Бергамо, во првото полувреме беа постигнати дури пет голови, шестиот во 52-рата минута, но за седмиот се чекаше до 81-вата, кога Ламерс од Аталанта погоди за 5-2.

- Оглас -

Најнови вести