11.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025

Кој ќе биде наследникот на Левандовски? Од нерални опции до буџетски исплатливи

Договорот на Роберт Левандовски со Барселона истекува на крајот од оваа сезона и веќе се поизвесно е дека тој нема да биде продолжен. Раководството на „каталонците“ разгледува неколку опции за нов напаѓач, а заминувањето на Левандовски ќе ослободи околу 40 милиони евра во буџетот за плати.

Приоритет на Барселона е Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид, а опции се и Хари Кејн од Баерн Минхен, Серу Гираси од Борусија Дортмунд, како и Виктор Осимен. Тоа се опциите кои се оствари до некоја мера, а желбата која во моментов се смета за нереална е Ерлинг Халанд од Манчестер сити.

Сепак, постои и буџетски исплатлива опција, која е најефтина од сите споменати, а тоа е Карл Ета-Ејонг од екипата на Леванте.

Доколку ги прашате навивачите на Барселона, сигурно дека ќе се одлучат Левандовски да остане, но раководството на клубот не размислува така и веќе се подготвува за разделбата со полскиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести