Екипите на Воска и Македонија ЃП попладнево ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот, Македонија ЃП, во позитивна атмосфера патува во Охрид, бидејќи на последниот првенствен натпревар со 1-4 го победија Гостивар, но традицијата во меѓусебните натпревари е на страната на Воска.
Дебитантот во првата лига оваа сезона ги доби двата првенствени натпревари со идентични 2-1, и во Охрид и во Ѓорче, а има и победа од 1-0 против Лавовите на пријателски натпревар одигран во 2021 година.
И квотите во Sport Life се на страната на домашната екипа. Квотата за победа на Воска е 1.74, додека победата на Македонија ЃП има квота од 4.45. Нерешениот исход е некаде на средина, со квота од 3.25.
Сепак, Воска е дебитант во оваа фаза од Купот на Македонија, а Ѓорчепетровци го освоија трофејот од ова натпреварување во последните две сезони, па сигурно дека искуството е на нивна страна.