На Челзи вечерва од 21 часот на „Стемфорд бриџ“ против Реал Мадрид му одговара и реванш-меч без голови за да се пласира во финалето на Лигата на шампионите, но навивачите веруваат дека нивните миленици ќе успеат да ја затресат мрежата на Тибо Куртоа за полесен пат до Истанбул.
Во анкетата што е организирана на клупската страница на Челзи, симпатизерите имаа можност да прогнозираат кој ќе биде прв стрелец против Реал и најголем процент од нив веруваат во Тимо Вернер.
Играчот кој има и најмногу утки сезонава, дел од нив неверојатни, а една таква имаше и на првиот меч во Мадрид во 10-тата минута, кога ја доби довербата од 28 отсто од симатизерите на Челзи, кои веруваат дека Германецот прв ќе му даде гол на Куртоа.
Втор со 27 проценти е Кристијан Пулишиќ, стрелецот на единствениот погодок за Челзи во Мадрид, во меч што заврши 1:1.
https://twitter.com/ChelseaFC/status/1389648520785899526?s=20
Зад нив трет е Кај Хаверц. За него гласаа 19 проценти од навивачите што учествуваа во интересната клупска анкета пред мечот што ќе се игра денеска од 21 часот и ќе одлучи која екипа ќе игра со Манчестер сити во финалето на ЛШ на 29 мај во Истанбул.