21.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Кој ќе даде повеќе голови на ЕП, Пандев или Бејл, Мбапе или Роналдо, Кејн или Лукаку…

Како се доближува почетокот на Европското првенство, така се загрева и атмосферата. Во Sport Life имате преку 1.000 различни игри поврзани со континенталниот собир, а една од најинтересните секако ќе биде меѓусебните дуели на голгетерите и тоа кој од нив ќе успее да постигне повеќе погодоци.

Во оваа игра имате да одберете од дури 41 дуели на докажани голгетери. Тоа што е можеби најинтересно за нас е дека во понудата ги има и македонските репрезентативци. Капитенот Горан Пандев може да влезе во „дуел“ со капитенот на Велс, Герет Бејл, за тоа кој ќе постигне повеќе погодоци на турнирот. Во овој „двобој“ Бејл е во улога на фаворит со квота 1.65, додека Пандев да даде повеќе погодоци од ѕвездата на Тотенхем, коефициентот е 2.10.

Пандев го има и во дуели против Пуки од Финска а тука квотата за нашиот капитен е 1.90, потоа против Салаи (1.87) и Кулушевски од Шведска, каде квотата нашиот Гоче да даде повеќе погодоци изнесува 2.20. Може да одиграте и дуел меѓу Пандев и Елмас, а капитенот е фаворит со квота 1.65, додека за дијамантот кој очекуваме да блесне коефициентот е 2.10. Трајковски е благ фаворит во „дуелот“ со Елмас каде квотите се 1.80 со 1.95.

Освен на македонските репрезентативци, во понудата има и голем број на дуели на најголемите светски ѕвезди, па може да бирате кој че даде повеќе голови од Мбапе – Роналдо, Левандовски – Роналдо, Кејн – Лукаку, Де Брујне – Фернандеш, Имобиле – Инсиње, Стерлинг – Вернер, Крамариќ – Олмо и уште многу други.

Комплетната понуда за оваа интересна игра може да ја најдете на Sport Life во понудата на Специјални игри.

 

- Оглас -

Најнови вести