Бразил победи во големото дерби против Германија со 4:2 на олимпискиот турнир во фудбал, но Панцерите се жалат на одлуката на судијата Бартон од Ел Салвадор во 63-тата минута.
По еден дуел на двајцата капитени, Арнолд и Дани Алвес, Германецот доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот. Во тој момент беше 3:1 за Бразил, а Панцерите потоа постигнаа гол со играч помалку и се заканија со подвиг.
Сепак, Бразил не дозволи сензација и со голот на Паулињо во 94-тата минута ја потврди победата. Сè можеше да биде многу полесно за Кариоките ако Куња го погодеше пеналот во финишот на првото полувреме и зголемеше на 3:0.
Претходно Ришарлисон де Андраде постигна хет-трик и за половина час Бразил имаше предност од 3:2. Амири и Аше беа стрелци на головите за Германија.