Германците со играч помалку стигнаа на прагот на голем подвиг, но Бразил го доби дербито во Јокохама (Видео)

Бразилците стравуваа за победа против Германија до крајот на мечот, што можеа да го добијат многу убедливо, а сепак се радуваа на победа од 4:2 во Јокохама.

Кариоките водеа со 3:0 по половина час игра со хет-трикот на Ришарлисон де Андраде, потоа Куња промаши пенал во финишот на првиот дел, па наместо 4:0 за Бразил, упорните Германци со два гола во вториот дел стигнаа на прагот на голем подвиг.

Иако играа со фудбалер помалку од 63-тата минута по исклучувањето на Арнолд, популарните Панцери во свој стил одиграа максимално до крај и за малку ќе приредеа сензација.

Амири во 57-мата минута намали на 3:1, а потоа и Аше беше прецизен во 83-тата минута.

Напаѓаа во финишот на мечот, но не успеаја да постигна уште еден гол за реми на стартот од олимпискиот турнир во фудбал. Паулињо со гол во 94-тата минута стави печат на стартната победа на Бразил на олимпискиот турнир.

 

- Оглас -

Најнови вести