Кој нè послуша, сега брои пари: Полноќниот експрес од вчера добитен со квота 25.91

Типовите кои се најдоа во понудата на вчерашниот Полноќен експрес сите излегоа како што се очекуваше. Комбинацијата од трите натпревари од НБА и НХЛ лигата, и дополнителниот меч од фудбалската Прва лига на Мексико, донесоа вкупен коефициент од 25.91, па кој нè послуша, тој сега си брои пари.

Главниот тип во понудата беше Џејмс Харден. Очекувавме ѕвездата на Хјустон да блесне против Голден стејт вориорс во третиот натпревар од Западното полуфинале, и не разочара. „Брадата“ го заврши мечот со 41 поен, 6 асистенции и 8 скока, па така ја надмина предвидената граница од 48.5 во тотал поени+асистенци+ скокови, а типот носеше 1.80 квота.

Бостон бруинс и Колумбус блу џекетс одиграа ефикасен меч, а ние погодивме дека ќе има повеќе од 5.5 погодоци на средбата. Бостон победи со 4-3, а шест од вкупно седум гола се постигнаа во последните 20 минути од мечот, квотата беше 2.05.

Вториот хокеј натпревар беше меѓу Сан Хозе шаркс и Колорадо аваланш. Се надевавме дека ќе биде неизвесно и затоа типувавме X на полувреме, односно дека ниту една екипа нема да води по првата третина. Воведните 20 минути завршија без реализација, а типот нудеше квота од 2.65.

Приморано, додадовме и еден фудбалски меч поради недостиг на дуели во НБА и НХЛ лигата, и не згрешивме. Во мексиканската Прва лига, Тигрес ја пречека екипата на Гвадалахара Чивас, а домаќините триумфираа со 2-1. Ние се надевавме токму на таков исход, понудата беше дека Тигрес ќе слави и ќе се постигнат од два до четири гола на мечот. Типот 1 & 2-4 донесе квота од 2.65.

Вкупниот збир на коефициентите е 25.91, па доколку барем некој од редовните типувачи во Sport Life обложувалници нè послуша и се обложил на истите, со среќа да си ја троши добивката.

Полноќниот експрес продолжува и денес, до 19 часот очекувајте нови предлози, а ние со кратки анализи ќе се обидеме повторно да ви помогнеме да дојдете до добивка.

- Оглас -

Најнови вести