Кој со кого игра до крајот? Дали Барселона може да го престигне Реал Мадрид?

Реал Мадрид синоќа минимално со 1:0 славеше на гостувањето кај Еспањол, победа со која Кралскиот клуб се стекна со два бода пред вечниот ривал Барселона, во трката за титулата. Касемиро пред крајот на првото полувреме го даде голот вреден три бода. За разлика од Реал, Барселона во саботата киксираше на гостувањето во Виго кај Селта и одигра само 2:2, што значи освојување само на еден бод.

До крајот на првенството во Примера остануваат само уште шест кола, а Реал е во пол-позиција. Освен предноста од два бода, мадриѓани се и подобри во меѓусебниот дуел, што значи дека во случај на еднаков број бодови, титулата ќе замине на „Сантијаго Бернабеу“.

Во наредното коло, двата ривали имаат мадридски противници. Барселона на „Камп ноу“ го пречекува Атлетико Мадрид, додека Реал е домаќин на Хетафе. Според распоредот до крајот на сезоната, Реал има полесен противник и едноставно тимот на Зинедин Зидан не смее да ја пропушти оваа шанса да го симне од тронот најголемиот ривал.

Еве кои се противниците на Барселона и Реал до крајот на сезоната:

33-то коло: Барселона – Атлетико Мадрид, Реал Мадрид – Хетафе.

34-то коло: Атлетик  Билбао – Реал Мадрид, Вилјареал – Барселона.

35-то коло: Барселона – Еспањол, Реал Мадрид – Алавес.

36-то коло: Валјадолид – Барселона, Гранада – Реал Мадрид.

37-мо коло: Барселона – Осасуна, Реал Мадрид – Вилјареал.

38-мо коло: Алавес – Барселона, Леганес – Реал Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести