Реал минимално, но доволно за „плус 2“ на врвот во Ла Лига (видео)

Избраниците на Зинедин Зидан по 32 натпревари, повторно ќе преспијат на челната позиција во Ла Лига со 71 бод, но овојпат со два бода предност во однос на Барселона по минималниот триумф над Еспањол од 1-0.

Каземиро ја донесе победата за Реал во истекот на 45-тата минута од првиот дел, по фантастичната асистенција со пета на Бензема. Иако Кралевите имаа доста прилика да го зголемат водството, погодокот на бразилскиот играч за врска беше доволен за четвртата победа во низа по рестартирањето на сезоната. Во тие четири меча Реал постигна 11 гола, дозволи само два во својата мрежа.

https://twitter.com/RainingGoals/status/1277342567512694784

- Оглас -

Најнови вести