Легендарниот Хрват Лука Модриќ одигра пет натпревари во Серија А за тимот на Милан и ја покажа својата врвна класа. Тој е најдобар во лигата според пет статистички параметри.
Модриќ дебитираше против Кремонезе и одигра 74 минути, потоа настапи 81 минута против Удинезе, а цели мечеви одигра против Лече, Болоња и Наполи.
Против Лече беше асистент, а против Болоња постигна гол за победата од 1-0.
И покрај неговата возраст (40), Модриќ во Италија покажува дека сè уште е одличен, а статистичарите издвоиле пет категории во кои тој е пред конкуренцијата на сите играчи кои се натпреваруваат во италијанското првенство.
Модриќ во Милан пристигна ова лето како слободен играч по години доминација во Ла Лига и статус на легенда на Реал Мадрид. Во мадридскиот гигант помина 13 години, а го напушти како најтрофеен играч во неговата историја, со освоени 28 трофеи.
Модриќ во првите пет натпревари во Серија А:
Најдобар по успешни додавања (300)
Најдобар по успешни додавања на половината на противникот (169)
Најдобар по додавања меѓу линиите (46)
Најдобар по освоени поседи (31)
Најдобар по пресечени топки (10)