32.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Коко Гоф лесно до третото коло на ОП на САД

Актуелната шампионка на Отвореното првенство на САД, Коко Гоф, ја победи Германката Татјана Марија со резултат 6:4, 6:0. Во третото коло се пласираа и Дона Векиќ, Викторија Азаренка, Елина Свитолина и Пејтон Стернс.

Гоф имаше малку повеќе проблеми во првиот сет, кога загуби еден свој сервис гем. Тоа се случи на самиот почеток и беше рибрејк на Германката во вториот гем. Подоцна, Американката направи уште еден брејк за 6:4, додека во вториот сет немаше никакви проблеми. Ги освои сите гемови и продолжи понатаму на Отвореното првенство на САД.

Сега ја очекува дуел против Елина Свитолина, која ја совлада Ангелина Калинина со 6:1, 6:2.

Дона Векиќ ја победи Грет Минен од Белгија со 7:5, 6:1 и ќе игра против Пејтон Стернс, која релативно лесно ја елиминира 12-тата фаворитка на турнирот, Дарија Касаткина, со 6:1, 7:6.

И Викторија Азаренка е во третото коло. За помалку од час и половина беше подобра од Клара Бурел со 6:1, 6:4.

- Оглас -

Најнови вести